Кога би можела одново да го живеам животот...

Пред некој ден, некој ме праша околу тоа дали би променила нешто кога одново би го живеела животот. Мојот првичен одговор беше „Не“, но потоа размислив и се премислив.

Кога повторно би го живеела овој живот, дефинитивно повеќе би слушала.

Наместо едвај да чекам да завршат тие 9 месеци бременост и сенката над моите стопала, јас би ја љубела секоја минута и би знаела дека тоа чудо кое расте во мене е мојата единствена шанса да му помагам на Бог при создавање чудо. 

Никогаш не би инсистирала прозорците од автомобилот да бидат затворени само затоа што сум направила нова фризура.

Би ги поканила моите пријатели на вечера дури и ако тепихот е извалкан, а каучот избледен. 

Не би се замарала со тоа дали нешто ќе се истури во дневната соба.

Би нашла повеќе време за да го слушам дедо ми како зборува за својата младост.

Би седела со моите деца во тревата без да се грижам дали ќе ни се направат дамки на облеката.

Помалку би плачела и би се смеела додека гледам телевизија, а повеќе додека го гледам вистинскиот живот.

Почесто би ги споделувала обврските со мојот сопруг, кои често ги сфаќав здраво за готово.

Би јадела помалку сирење, а повеќе сладолед. 

Би си легнала во кревет кога ќе се разболам, наместо да се преправам дека светов ќе се распадне ако не отидам на работа.

Никогаш не би купила нешто само затоа што е практично.

Кога моето дете би ме бакнало, не би му рекла: „Подоцна, ајде сега да јадеме.“

Би имало повеќе „те сакам“, повеќе „извини“, а највеќе од сѐ, доколку уште еднаш имам можност да живеам, би го живеела секој момент, би ја искористила секоја минута додека не ја исцедам и последната минута!

Ема Бомбек