Кога бевме деца, мислевме дека сè ќе биде едноставно – сепак се излажавме

Деновите поминуваат, кога бевме мали мислевме дека ќе останеме пријатели целиот живот со децата со кои заедно растевме во маало, на улица. Мислевме дека сè ќе биде едноставно, дека светот ќе остане таков мал за нас, едноставен и дека секогаш ќе можеме да им се јавиме на нашите родители кога ќе се соочиме и со најмалиот проблем.

Се излажавме. Воопшто не е така.

Животот е филтер. Голем дел од луѓето со кои се дружевме веќе не се дел од нашиот живот. Не можеме да им се јавиме и да им зборуваме за нашите проблеми бидејќи имаат поинакви животни патеки и нашите и не сме сигурни дека ќе нè разберат. Порано беше лесно, ќе се скаравме и нема да зборувавме неколку часови, но тие беа секогаш тука за нас. Денеска не се, некои од нив го напуштија овој свет, други не се веќе во оваа држава, трети веќе не ни се пријатели, од различни причини. 

 Денеска, не е најголем проблем паѓањето од велосипед и раните на колената, се соочуваме во вистински рани, со загуби и порази. 

Сè е поинаку. 

Денеска се дружиме само со пријатели кои вистински сме ги одбрале. Тоа не е огромно друштво, но тоа се луѓе кои можеме да ги изброиме на прстите на една рака. Не можеме да побараме од родителите да ни ги решат проблемите, туку често ние ги решаваме нивните. Денеска, живееме брзо и постојано се докажуваме некому.

Очекуваме многу и од себе и од другите и се уморуваме од тоа. Пораснавме, но мислевме дека ќе биде лесно. Се излажавме.