Кога ангелите стапуваат на сцена: Сѐ се случува со причина!

Една жена луто ја треснала вратата од автомобилот.

  • „Баш денес најде да не функционираш“ – рече жената и удрила со ногата во гумата.

Почувствувала силна болка во палецот од ногата и забележала дека прстот отекол. Додека го масирала болниот прст, почувствувала нежен допир на рамото.

Еден тивок женски глас ја запрашал: „Ви треба ли помош?“
Таа одговорила без да се сврти: „Не, не ми треба помош.“

Ја отворила чантата и ги истресла работите на автомобилот. Погледот ѝ паднал на неговото последно писмо. Со треперлива рака го отворила и почнала да го чита. Одеднаш ветерот силно задувал и ѝ го турнал листот од рака и писмото почнало да лета низ воздухот. Таа со последни сили почнала да трча по него, но, ветерот го носел писмото сѐ подалеку. Таа застанала и гласно заплакала.

Се чул еден пискав детски глас: „Тетке, ти треба ли помош?“

Си рекла сама на себе дека ова е вторпат како некој ја прашува дали ѝ треба помош. Се завртела и се загледала во лицето на девојчето. Нејзините зелени очи грижливо ја гледале.

Таа со блага насмевка одговорила: „Не, не ми треба помош, само сум малку изгубена.“

Детето тивко рекло: „Сѐ ќе биде во ред!“

Да, сѐ ќе биде во ред, си рекла жената, но одвнатре вриштела. Си рекла: „Го изгубив неговото писмо, автомобилот не ми работи, доцнам на работа, ме боли прстот, сама сум и несреќна.“ Девојчето полека одело со неа до нејзиниот автомобил. Долго зборувале и биле заедно сѐ додека не пристигнала влечната служба. Жената договорила сѐ околу автомобилот и викнала такси за да отиде до најблиската болница за да го прегледа прстот.

Кога стигнала таму, слушнала машки глас: „Ви треба помош?“

Без да го подигне погледот, рекла: „ДА!“.

По неколку преглед, завршила со гипс, бидејќи го скршила прстот.

Истиот маж рекол: „Сѐ ќе биде во ред, сѐ проаѓа кога на болката ќе се стави облогата наречената Љубов!“

Жената го кренала погледот и се сретнала со топли кафени очи и со треперлив глас прашала: „Што рековте?“

Мажот збунето се загледал во џебот од лекарското палто и рекол: „Денес додека се движев кон болницата, до мене летна едно писмо и го прочитав...“ Тој продолжил да зборува, но жената не го слушала, само го гледала. По првпат, по којзнае колку време, по Него, таа забележала некој пред неа...

Таму некаде горе, на небото, се слушнал еден друг разговор:

  • „Успеа!“ – рекол веселиот Ангел
  • Да, конечно успеав. Беше тешко, но се исплатеше.“ – така возбудено зборувал другиот Ангел, па продолжил да зборува додека блескава Светлина се ширила околу него која била во сите бои на виножитото...
  • „Прво морав да ѝ го расипам автомобилот, да ја свртам гумата за 90 степени... па дури и да направам да го скрши палецот и да го изгуби писмото. Мислев дека нема да успеам кога ја пратив сестрата на Мажот да ѝ помогне, а таа ја одби. Сестрата требаше да ја одведе во болница, ама не верував дека сама ќе отиде и тоа баш во Неговата болница. Знаев дека ќе ѝ биде доволен само еден поглед и средба со неговите очи...“
  • „А девојчето?“ – прашал првиот Ангел.

Вториот Ангел се насмевнал, неговата Светлина се претворила во слика како на филм.

„Погледни“ – рекол.

Двата Ангели виделе Жена и Маж како тропаат на вратата од станот. Одат низ ходникот, а во пресрет им трча едно мало зеленооко насмеано девојче.

***

Во животот сѐ се случува со причина. Но, не заборавајте дека никогаш не сте осамени, туку секогаш бескрајно сакани..

 

Nike Zoom Flight Bonafide