Кое е значењето на бројот 0?

Уште од дамнешни времиња, на броевите им се препишуваат интересни значења и се поврзуваат со посебна мистичност. Во нумерологијата се верува дека целата вселена е изградена на броеви и дека судбината и карактерот на секој од нас зависат од нумеричките закони.

Но, што е со нулата? Дали таа навистина е број? Кое е нејзиното значење? Каде и зошто ја користиме? Кое е нејзиното значење од финансиски аспект гледано?

Нулата не постоела отсекогаш. Античките Грци немале симбол за нула затоа што сметале дека ништото не може да биде нешто. Па дури и старите Римјани, не ја прифаќале бидејќи била противречна на нивните римски броеви. За прв пат се употребува дури во петтиот век во системот на броеви на Индија, а до деветтиот век таа станала дел и од системот од арапски броеви во формата во која се користи денес. Со развојот на математиката, нулата станала базата на калкулациите, а денес таа е во основата на современиот компјутерски бинарен систем од нули и единици. Таа има значење на отсуство на вредност, а истовремено претставува и број сам по себе.

Во финансиски контекст ставена, нулата не е баш посакуваното конто на нашата банкарска сметка, но, од друг аспект гледано 0% каматна стапка, и тоа како е посакувана. Токму затоа, Еуростандард Банка, во овие тешки времиња на справување со пандемијата на коронавирус, одлучи нулата да ја стави во основата на својот најнов потрошувачки кредит кој е наменет за вработените во здравствените институции. На тој начин, преку нудење на одлични поволности изразени во неколку нули, банката одлучи да им се заблагодари на хероите во бели мантили за нивната пожртвуваност во овие тешки моменти.

0% камата за првите три месеци, 0% провизија за обработка, 0% за административни трошоци, како и 0% за предвремена отплата – тоа се четирите големи НУЛИ во новиот „Кредит +“ на Еуростандард Банка, кој е достапен за сите вработени во здравствените институции.

Износот на кредитот е до 900.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на кредитобарателот. Жиранти не се потребни доколку се аплицира за кредит до 300.000 денари, а рокот на отплата е до 10 години, поточно на 120 еднакви месечни ануитети, по избор. Од банката велат дека новиот потрошувачки кредит „Кредит +“, меѓу другото, може да се искористи за рефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, но и за одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, што ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Повеќе информации поврзани со „Кредит +“ се достапни на веб-страницата на Еуростандард Банка, како и на нивниот контакт телефон: 02/3249-452.

Благодарение на Еуростандард Банка, нулата денес има сосема ново и поинакво значење, а ништото е многу повеќе од нешто!