Кое е вашето идеално место за секс, според хороскопот?

Многу работи во нашиот живот се одредени од датумот и времето на нашето раѓање. Хороскопскиот знак одредува каква личност сме, каква работа ни одговара, каква облека треба да носиме, но и многу нешта за нашиот сексуалниот живот.

Дознајте кое е идеалното место за секс, според вашиот знак.

Овен

Претставниците на овој знак се директни, искрени, но и „вулгарни и валкани“ личности. За нив, идеален е брзиот секс кој вклучува и валкани зборови. Ги привлекува сексот во кино, бидејќи обожаваат да имаат секс на средина на некој филм. Тие сакаат многу предизвици и затоа за нив никогаш не е проблем да пробаат нови техники и пози.

Бик

Биковите сонуваат за секс во некој луксузен хотел, со пет ѕвездички. Тие се материјалисти кои го сакаат луксузот и скапите нешта и никогаш не би се согласиле на брз секс во автомобил или некое јавно место. Наместо тоа, тие обожаваат скапа вечера покрај свеќи и многу цвеќе. Сакаат и комфор и затоа уживаат во секс во голем кревет, а не на некое неудобно место. Опуштената атмосфера ги буди сите сетила на Биковите, и тие сакаат сексот да трае цела ноќ.

Близнаци

Близнаците се многу слични на Биковите кога станува збор за луксузот, но за разлика од нив, тие отворено зборуваат за сексот и за нив предиграта е клучна за уживањето. Тие не сакаат секс на под во дневната соба, ниту пак во спалната на вашите родители. Наместо тоа, ќе одберете интимно место каде ќе ги проучите сите пози кои ги имате замислено.

Рак

Раковите се љубезни, срамежливи и фини, но во кревет се вистински ѕверки. Тие ќе ја искинат облеката на својот партнер и ќе уживаат во долгото водење љубов. Ним не им е важно ни местото, ни времето, туку се концентрирани на обостраното задоволство. Идеално место за водење љубов за нив е плажата.

Лав

Лавовите сакаат да експертиментираат, но и склони се на неверства и авантури. Тие уживаат и во групниот секс. Со оглед на тоа дека тие се многу креативни личности, добро би било да се потрудите околу нив во однос на предиграта за да ја пробудите нивната страст. За нив, местото на водење љубов воопшто не е важно, тие само сакаат да се препуштат на уживањето и лудата страст. Тие веруваат дека се најдобри љубовници и затоа имаат многу сексуални партнери во својот живот.

Девица

Ако сакате да ја освоите Девицата, сменете ја постелнината и исчистете ја својата соба и дом, бидејќи за нив хигиената е најважен афродизијак. Тие ќе го приметат нередот во вашата соба и тоа значително ќе го намали нивното либидо. Пред водење љубов, ќе проверат дали е чист вашиот тоалет и дали сте се истуширале. Обожаваат да имаат секс во спална соба со огромен кревет.

Вага

Вагите се возбудуваат и на најмал допир на нежности, но се и многу конзервативни и речиси никогаш не разговараат за сексот со пријателите и семејството. Интимните моменти се наменети само на нив и нивниот партнер. Тие сакаат шарм и убавина и затоа амбиентот им е многу важен. Нив ќе ги воодушеви водење љубов покрај свеќи во некој фин хотел.

Шкорпија

Тие се најсексуалниот знак во хороскопот, кој е привлечен од водењето љубов во канцеларија, природа, па дури и на плажа и базен. Тие обожаваат секс во јавност и за нив само небото е граница. Предигрите со нив се долги, а сексот понекогаш исцрпувачки за нивните партнерни. Ако се брзата, сексот на брзина е одлична опција.

Стрелец

Стрелците се диви и темпераментни личности, кои водат љубов како животни. За нив сексот не табу и отворено зборуваат за тоа, се фалат со своите вештини и способности, а сакаат и да се шалат за време на предиграта. Нив ги привлекува секс во природа, покрај дрво или некоја напуштена колиба.

Јарец

Тие се срамежливи и повлечени личности кога е сексот во прашање и за нив тоа е многу интимна работа, за која ретко зборуваат. Уживаат да водат љубов во некој спа центар, но претходно мора да ги опуштите со добра масажа.

Водолија

Водолиите сакаат да експериментираат, а за нив еротската предигра е најубавиот дел кој ги буди нивниот ум и тело. Тие се возбудуваат и за сексуалните животи на другите луѓе и понекогаш се воајери. Нивното омилено место за секс е автомобилот, а сакаат и секс по телефон и скајп.

Риби

Костимите и игри ја будат нивната фантазија и ги претвораат во сексуални ѕверови. Тие сакаат и добра масажа и топла купка, која ја буди нивната желба за секс. Идеално место за секс за Рибите е покрај вода.