Кое е најотровното овошје и зеленчук?

Одгледувачите на овошје и зеленчук скоро и да не бираат средства кога се работи за добра заработка, па  затоа многумина од нив ги прскаат растенијата со дозволени, а неретко и со недозволени пестициди во несоодветни количества, кои дефинитивно се штетни за нашиот организам.

За да ги предупредат жителите за тоа во кои „здрави“ намирници се кријат најмногу отрови, американската Environmental Working Group секоја година објавува листа на овошја и зеленчуци со најмногу пестициди во себе.

Наведените плодови на врвот впиваат повеќе токсини, за разлика од оние на дното на листата. Затоа стручњаците советуваат секогаш кога ќе сте во можност да купувате овошје и зеленчк од локалните произведувачи или од оние за кои сте сигурни дека се со органско потекло. Ако не го знаете потеклото на намирниците, тогаш задолжително пред употреба добро да ги измиете, да ја излупите кората и ако е возможно термички да ги обработите.

Продолжува на следната страна...

Најотровни

Најотровни се дефинитивно јаболката. Верувале или не, во 99% од плодовите ќе најдете трагови барем од еден пестицид. Во компирот има најголемо количество пестициди на грам маса. На само едно зрно грозје, грашок, шери домат, јагода или целер можно е да пронајдете дури 15 видови различни видови отровни супстанци. Подеднакво отровни се кајсиите, спанаќот, слатките и лутите пиперки, краставиците.

Помалку отровни

Побезбедни за употреба се: боровницата, зелената салата, кељот, сливите, вишните, крушките, мандарините, морковот, боранијата, тиквиците, малинките, брокулата, смрзнатиот грашок, младиот лук, портокалот, бананата, доматот, лубеницата, ананасот, дињата и карфиолот.

Најбезбедни

Најбезбедни се грејпфрутот, кивите, доматот, папајата, мангото, лукот, зелката и авокадото.