Коцкање- Порок кој ги зафаќа Македонците, а за кој најмалку се зборува

Заедно со брзиот начин на живот рамо до рамо се движи и порастот на зависници. Кога ќе се спомене зависници, најчесто ни паѓа на памет зависници од дрога, алкохол, тренд зависноста од интернет, а да не зборуваме за зависност од никотин, а каде е коцката?

Коцкањето постоело од секогаш, со што во денешно време зазема голем замав, но некако стои задскриено зад другите пороци. Првиот писмен запис на коцкање доаѓа од древна  Кина 2300. п.н.е. а, коцкарската  индустрија денес  добива приход повеќе од 82 милјарди $ годишно.Тука лежи одговорот зошто оваа зависност всушност е на заден план, бидејќи од неа добро се профитира.

Идејата да се профитира на човечката пасија  да се испроба среќата не е нешто ново, но нова е енормната распространетост на коцката која не бира возраст и пол.

Да , навистина коцкањето не влијае физиолошки на човекот ( иако многу често коцкарите конзумираат алкохол или дрога ), сепак запоставен е тој психолошки момент кој може да доведе до целосна дезитеграција на личноста.

Помислата на лесни и брзи пари може да ги привлече кон игрите на среќа, но вистинскиот проблем се јавува дури подоцна, кога страста и адреналинот целосно го совладуваат човекот.

Најпрво се трошат своите пари, потоа се продаваат работите од дома, следува позајмување од пријателите и роднините, за на крајот многумина да зачекорат во светот на криминалот, измамата и кражбата. Ниту кога ќе пресуши изворот на парите играта не се прекинува затоа што тогаш се појавуваат „пријатели“. Станува збор за луѓе кои те поттикнуваат да продолжиш; наводно те разбираат и те охрабруваат, а ти си подготвен на сè, се согласуваш на нивната „поддршка“ и позајмуваш пари – многу пати со голема камата. Во малку случаи се покажува дека овие позајмувања се промашена инвестиција затоа што позајмувачите добро се запознаени со материјалната состојба на семејството, а големите долгови по правило се враќаат со продажба на недвижнина, куќа или стан.