Коце Трајановски го потпиша Кодексот и повикува на фер и демократски избори

Актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски денес во просториите на Државната изборна комисија го потпиша Кодексот за фер и демократски избори пред почетокот на изборната кампања, која стартува утре, за локалните избори 2017 година.

-Потпишување на кодексот за фер и демократски избори во Државната изборна комисија. Ги повикувам сите учесници на фер и демократски извори. На граѓаните да им ги претставиме нашите проекти и програми кои ќе придонесат за подобрување на условите. На власта сакам да и порачам, судејќи според досега покажаното, ќе треба многу да се потруди за да имаме фер и демократски избори, пишува Трајановски на Фејсбук.