Коби Брајант: Наша одговорност е како ќе нè паметат другите, или пак дали воопшто ќе се сеќаваат на нас

Коби Брајант беше едно од најголемите имиња во кошарката. Тој ја заврши својата кариера во 2016 година, а еве веќе помина и една година откако загина во хеликоптерска несреќа. Тој ќе биде засекогаш запаметен како еден од најдобрите играчи во НБА.

Ова се некои од неговите најмоќни зборови: 

Не можам да се поврзам со мрзливите луѓе. Не го зборуваме истиот јазик. Не ве разбирам и сакам да ве разберам.

Најважното нешто е да им покажеш на сите дека си тука и дека си вистински.

Единственото нешто што  можеме е да контролираме - наша одговорност е како ќе нè паметат другите, или пак дали воопшто ќе нè паметат. Не го сфаќајте тоа „здраво за готово”.

Најубавото нешто е да ги инспирираш луѓето и тие да бидат големи во тоа што го прават.

Моментот кога ќе се откажеш е оној момент кога дозволуваш некој друг да победи.

Болката не ти кажува да застанеш, таа е малиот глас во твојата глава која ти кажува дека сè ќе се промени ако продолжиш.

За да постигнеш одредено ниво на успех на секое поле, мораш да имаш его кое ќе ти каже дека сакаш да бидеш најдобриот.Тоа е она што ме води напред кога станува пекол или вода. 

Одморете се на крајот, не на средината.

Сите се сомневаме во себе. Не го негираме , но не дозволиме да не победи. Едноставно го прифаќаме тоа. 

 

Не можете да ја занемарите моќта во тоа да биде таму секој ден и да ја завршите работата.

 

Долг пат е, но ако се фокусираш на малите победи ќе ја најдеш убавината во борбата.