Коалицијата „О2“ бара посебен сообраќаен режим наместо гратис возење во автобус

Бесплатниот автобуски презоз  во Скопје нема ефект за намалување на загадувањето ако нема редукција на останатиот сообраќај, сметаат од Коалицијата О2 за чист воздух.

Мерката која е дел од интервентките мерки само еднаш беше активирана на крајот на декември кога два дена по ред воздухот во главниот град беше екстремно загаден, но многу малку граѓани одлучија да го искористат гратисот, а улиците останаа полни со автомобили.

- Бесплатниот превоз е неоснована мерка ако нема редукција на другиот сообраќај. Според нас е непотребно трошење буџетски пари. Во Брисел кога е загадено над 200 микрограми на метар кубен тоа е трето ниво и тогаш се забранува секаков сообраќај, изјави за Сител Татјана Чакулев, Коалиција О2 за чист воздух.

За да се намали загадувањето од Коалицијата О2 предлагаат од октомври до крајот на март да има посебен режим за сообраќај, а индустријата и градежништвото овој период да работат со намален капацитет.

Граѓаните реагираат зошто два дена по ред мора да дишат многу загаден воздух  за да се активираат донесените интервентни мерќи, од Владата пак велат дека го спуштиле прагот на алармирање.

- Овој праг на алармирање е во согласност со Европската регулатива, изјави Миле         Бошњаковски, портпарол на Владата на Р. Македонија.

Но, од Коалицијата О2 велат дека висината на прагот на алармирање за загадување е различ во секоја држава во Европа.

- ЕУ нема една вредмност на праг на алармирање. Секоја земја си поставува свој праг. Во најголем број европски земји прагот на алармирање е многу помал од кај нас 50-70 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Полска има повисок праг од нас, изјави Татјана Чакулев, Коалиција О2 за чист воздух.

Од О2 бараат по примерот на временската прогноза така и за загадувањето граѓаните неколку дена претходно да бидат предупредувани дека тешко ќе се дише.