Клупите и детските игралишта слободно крши ги, ама за плочката ќе има стражар

Скопје е полно со искршени клупи, уништени цвеќиња во парковите, демолирани детски игралишта… и на тој вандализам се одговара млако. Но вчера наеднаш Град Скопје се разбуди и најави дека засилено ќе контролира кој крши, ама само околу спомениците на кои се фамозните плочки каде се тројазичните објаснувањата за античката историја.

– Како тргнале, стражари ќе постават до споменикот, а ене подолу на кејот се е искршено и ниту да го споменат тоа, беше реакцијата на еден наш сограѓанин кој синоќа беше дошол на главниот плоштад за да ја види фамозната плочка.

Скопјани очекуваат дека за плочките ќе фрчат и казни затоа што како што велат – власта е решена приоритет да им биде договорот Заев – Ципрас, другото ќе почека…

СкопскоЕхо