Според извештајот на ендокринолозите комбинацијата од аномалиите кои детето ги имаше одговара на синдром marden valker.

Пациентот М.Б. првично е примен на Оддел доенче, но по многу кратко време поради влошување на општата состојба со продлабочување на респираторна и циркулаторна инсуфициенција, (прекин на дишењето и прекин на срцевата акција) веднаш е префрлен е на Одделот за интензивна нега и терапија каде детето е реанимирано, интубирано и поставено на респиратор. Вклучена е соодветна терапија, но и покрај тоа во текот на ноќта дошло до влошување на состојбата. Во утринските часови во неколку наврати е реанимирано, но без одговор на реанимационите постапки, детето починало во 8 часот наутро.

Ова се наведува во деталаниот извештај од Клиниката за детски болести Скопје.

„На 28 август во осум часот навечер на ЈЗУ Клиника за детски болести е примено тешко болно дете на возраст од 4 месеци, транспортирано со болничко возило од Гевгелија. Детето е претходно лекувано четири дена од матичнен лекар со антибиотска и инхалаторна терапија, но поради влошување на состојбата со отежнато дишење (диспнеа) детето е испратено во болницата во Гевгелија каде се обиделе да го стабилизираат, но и покрај тоа состојбата се влошувала и детето со тежок долнореспираторен инфект е препратено на Детската клиника во Скопје. 

Се работи за дете од ризична бременост родено во 41. гестациска недела во болницата во Гевгелија. По раѓањето детето е реанимирано и со дијагноза асфиксија и респираторен дистрес веднаш е префрлено со болнично возило на Одделот за интензивна нега на Детска клиника.

На Одделот престојувало 20 дена на инвазивна респираторна поддршка по што е префрелно на Одделот за неонатологија каде престојувало дополнително цел месец. За време на престојот кај пациентот се поставени следните дијагнози: респираторен дистрес, конгенитална срцева аномалија која треба да се следи, атрезија на хоани која е корегирана и мултималформативен синдром од типот артрогрипосис. Според извештајот на ендокринолозите комбинацијата од аномалиите кои детето ги имаше одговара на синдром marden valker. Податоците од литературата покажуваат дека имаат висок леталитет. 

На 17 јуни детето повторно било препратно од болницата во Гевгелија во тешка состојба заради апнеа. Хоспитализирано било на Одделот неонатологија на Детската клиника, било стабилизрано и пратено дома“, се наведува во соопштението од Клиниката.