Клима уреди и тајфуни за градинката „11 Октомври“ во општина Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска во просториите на Јавната детска установа „11 Октомври“ – Скопје, предаде во употреба нови 12 клима уреди и три тајфуни.

Како што информираат од Општина Бутел, грејните тела се наменети за салите во објектите на ЈОУДГ „11 Октомври“ низ Бутел.Средствата за набавка на новите клима уреди и тајфуни се обезбедени од Буџетот на Општината.