Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога...

Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога еден ден ќе почнеш да го набљудуваш својот свет со нови очи, кога ќе престанеш да се плашиш од бурите низ кои проаѓаш, затоа што знаеш дека сите имаат некаква смисла во твојот живот, иако во моментов не можеш да ја видиш таа смисла.

Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога ќе престанеш да се занимаваш со неважни работи и  луѓе, сфаќајќи дека не треба нималку да те допира тоа што мислат, зборуваат и прават другите луѓе. Тоа си е нивна работа.

Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога повеќе не мораш да ги криеш своите солзи, затоа што сето тоа е еден процес на запознавање на светот и себеси и не може да биде поинаку.

Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога и натаму чувствуваш стравови и сомнежи, но повеќе не се губиш во нив, затоа што сфаќаш дека се сосема нормален дел од животот на кој не треба да му се придава многу внимание и енергија.

Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога ќе престанеш да се обидуваш да ги направиш луѓето нешто што ти мислиш дека треба да бидат и да оставиш да се развиваат како тие најдобро знаат и умеат, затоа што сепак се работи за нивниот живот.

Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога повеќе немаш потреба да им се докажуваш и објаснуваш на луѓето, затоа што доколку се грижеле ќе се обиделе да те разберат и тогаш ќе почнеш да го живееш свјот живот кој повеќе не е копија на она што некогаш бил, туку некоја нова приказна која не сакаш да ја препуштиш на случајот и околностите.

Ќе знаеш дека сѐ почнува да си доаѓа на свое место кога ќе почнеш да излегуваш од битките во кои залудно си влегувал како млад, затоа што сфаќаш дека мирот е многу повреден отколку некој да ти каже дека си победник во некоја кавга.