Под знак прашалник е доведен почетокот на второто полугодие  од учебната година.

Конфедерацијата на слободни синдикати останува на ставот во среда да одржи предупредувачки протест пред зградата на Владата. Како што најави претседателот на Благоја Ралповски, образовните работници ќе протестираат во 5 минути до 12 часот.

Според него, протестот ќе се одржи доколку до 16-ти јануари Претседателот на Владата, Зоран Заев или овластени преставници на владата не организираат работна средба со цел договарање на заеднички решенија за надминување на состојбите и барањата на образовните работници.

За следните чекори што ќе ги преземат, меѓу кои и дали навреме ќе почне второто полугодие од учебната година, ќе одлучат дополнително.

Како што е најавено, секој обид за спречување на овој протест ќе биде под лупа на светските синдикални организации.