Ќе започне изградба на нова зграда на Драмскиот театар во Скопје

Наскоро почнува изградба на нова зграда на Драмскиот театар во Скопје. Театар ќе се гради и во Охрид, но покрај театар, охриѓани во нивниот град ќе добијат и Конгресен центар и нова катна гаража.

-Со оглед на тоа што Драмскиот театар во Скопје се наоѓа во објект кој што е многу стар, ние предвидовме во нашата програма изградба на нова зграда односно нов современ театар. Во изминатиот период беше спроведена фазата на проектирање и избор на најповолен понудувач склучен е договор со фирмата која ќе го гради и до крајот на овој месец ќе имаме почеток на градба на нов театар. Финансиските средства се обезбедени, а градбата е предвидено да трае 3 години. За ова намена ќе се инвестираат 9,5 милиони евра. Ова е уште еден крупен проект во културата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој потенцираше дека е предвидено и отворање на Конгресен центар во Охрид, кој ќе содржи најсворемени услови за разни видови на манифестации и настани, нешто што му недостасува на овој град.

-Па така преку ЕЛЕМ, преку нивната програма за инвестирање во проекти кои се нивна општествена одговорност, во изминатите месеци беше избрано идејно решение, а во моментот е распишан оглас за проектирање и ревизија кој ќе трае до втората половина до наредниот месец. Потоа треба да следи фаза на проектирање и избор на најповолен понудувач. Проценетата вредност е 16,5 милиони евра и овие пари се обезбедени од ЕЛЕМ и овој проект поради своето значење треба да биде наследен и реализиран. Кога сме кај ЕЛЕМ, тие инвестираат и во уште еден проект важен за Охрид и кој е дел од нашата програма, а тоа е нова катна гаража кај Билјанини извори. Проценетата вредност е 3,5 милиони евра, тендерот за проектирање и ревизијата се завршени, а следната недела следи електронска акуција, по изборот треба да почне да се гради.