Ќе слави ли Македонија денеска: Mечот Исланд - Тунис од големо значење за нас

На Светското првенство во ракомет што се игра во Франција за македонските ракометари денеска е слободен ден, но во четирите групи ќе се играат вкупно седум натпревари.

Од голема важност за пласманот на Македонија во групата Б е и исходот од дуелот Исланд – Тунис. Овој натпревар се игра попладнево со почеток во 14:45 часот.

Доколку победи Исланд, Македонија и математички обезбедува пласман во 1/8 финалето на мундијалот.

Во моментов Македонија има четири бода, Тунис е без бодови. Ако денеска Тунис загуби, максимум до крајот би можел да освои четири бода. Но, Македонија беше подбра во меѓусебниот дуел. Нема теорија со која би се направил „круг“, мини табела и слично.

Ако победи, пак, Тунис или средбата заврши нерешено, тогаш ситуацијата се комплицира и за Македонија и промоцијата на нашата репрезентација во 1/8 финалист ќе виде одложена. Така Тунис би останал теоретски во игра (ќе му биде потребна победа над Словенија).

Покрај овој дуел во истиот термин играат уште: Чиле – Германија (група Ц) и Аргентина – Шведска (група Д). Во терминот од 17:45 часот играат: Франција – Норвешка (група А) и Катар – Бахреин (група Д).

Во вечерниот термин се играат два натпревара: Бразил – Јапонија (група А) и Саудиска Арабија – Белорусија (група Ц).