Ќе се зголеми ли старосната граница за влегување во пензија

Од Светска банка не откриваат дали законските измени ќе опфатат и зголемување на старосната граница за пензионирање со образложение дека анализата е во тек .

– Моментално не можам да одговорам на тоа прашање, на тоа работи конкретен специјалист и анализата е во тек, одговара Шимбов.

Барбара Куњак, исто така економист во Светска банка, пак вели дека се разгледуваат различни можности кои би биле најделотворни за да и се препорачаат на Владата.

 Пензиите да растат како што е предвидено со законите, а не да се прават ад-хок зголемувања, и препорачува на Владата Светска банка.

Според Бојан Шимбов, економист во Канцеларијата на Светска банка во Македонија, со линеарните зголемувања што се практикуваа, пензиите во последниве неколку години пораснале два ипол пати над предвиденото со законската регулатива, што пак создава притисок врз Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

– И во минатото имавме константно зголемување на пензиите. И во периоди кога имаше негативна инфлација, имаше пет насто зголемување. Ако би се аплицирал законот со швајцарската формула, зголемувањето да изнесува 50 проценти од просечната инфлација и 50 проценти од просечната плата, тоа по наши пресметки би било некаде околу 7 до 8 проценти од 2012 до 2017 година. Вака имаме зголемување од околу 20 насто на реална основа, што создава притисок на пензискиот фонд. Првата препорака е Владата да ги одмери тие ад хок зголемувања, односно да се придржува на законската регулатива, вели Шимбов.

Тој објаснува дека во моментов експерти на Светска банка работат со Министерстцвото за труд и социјална политика на подобрувањена капацитетите на Фондот, односно, се работи на измени во законската регулатива кои ќе ги намалат притисоците врз пензиската каса.

– Моментално пензискиот систем е во добра кондиција. Тој добива трансфери од централната влада кои се зголемуваат со текот на годините. Тоа практично значи, целта е да се намали зависноста на пензискиот фонд од тие трансфери. Ние моментално работиме на параметриски измени во законската регулатива кои ќе ги намалат тие притисоци, појаснува Шембов и додава дека пред да се предлложат конкретни мерки, се анализира дали параметрите и стапките во законскаста регулатива се доволни и зошто се јавува кусокот во пензискиот фонд.

Во тој контекст тој не открива дали измените на законската регулатива на кои се работи ќе опфатат и промена на старосната граница за одење во пензија, односно на нејзино зголемување од сегашните 62 години за жени и 65 за мажи, на 65 и 67 години, како што од пред неколку години е регулирано во поголемиот дел од Европа и во неколку држави од регионот.

– Моментално не можам да одговорам на тоа прашање, на тоа работи конкретен специјалист и анализата е во тек, одговара Шимбов.

Барбара Куњак, исто така економист во Светска банка, пак вели дека се разледуваат различни можности кои би биле најделотворни за да и се препорачаат на Владата.

Инаку, Владата на СДСМ од оваа есен воведе практика пензиите да се зголемуваат онолку колку што е законски предвидено. Во октомври пензионерите добија пензии зголемени само за еден процент, односно просечно за 130 денари, или најмалите се зголемија за 85, а најголемите за околу 500 денари. Ова создаде револт кај дел од пензионерите, но Владата најави дека и понатаму ќе се придржува до законите.

Од Буџетот за наредната година кој во форма на предлог наскоро ќе се разгледува во Собранието, за трансфер во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е предвидена досега највисока сума од 29 милијарди денари, односно над 470 милиони евра.

Но, како што објаснуваат стручњаците за буџет во Министерството за финансии, “дупката# во Фондот на ПИОМ е помала од таа сума и изнесува 21 милијарда денари, односно околуи 340 милиони евра. И останатите средства се трансферираат за пензионерите, но не за покривање на кусокот во Фондот за пензиско осигурување. Така, околу 105.000 евра се трансфер до Фондот за здравство, за здравственотто осигурување на пензионерите, а речиси 49 илјади евра од државниот буџет се издвојуваат за пензиското осигурување на стечајците и на други лица за кои постои обврска од некои закони донесени во минатото, кои се уште се актуелни, анализира Вечер.