Ќе се врати ли евтината дневна тарифа на струјата?

Владата препорача враќање на евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.

На вчерашната седница била донесена одлука регулатарната комисија да свика состанок со ЕВН, министерство за економија и кабинетот на вицепремиерот Анѓушев за оваа цел и по една недела да подготви анализа за повторно воведување на евтината тарифа.

Во владата се убедени дека мерката ќе биде голем исчекор кон подобрување на економската состојба на граѓаните, а дека истовремено ќе се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија,

Експертите засега коментираат дека враќањето на евтината тарифа ќе предизика дополнителни  трошоци кои некои ќе треба да ги плати. Меѓу нив најверојатно ќе биде и нагодувањето на броилата на секое домаќинство.

Од ЕВН велат дека конструктивно ќе учествуваат во разговорите и ќе ги изнесат своите ставови за враќането на евтината тарифа.

Планот е, освен во недела, евтина струја преку ден да има и по  два часа во останатите денови од седмицата.