Ќе се вклучи ли патувањето до работа во работното време

Европскиот суд неодамна пресуди дека за сите работници кои немаат фиксно работно време патувањето до работа мора да биде пресметано како дел од работното време.

Ваквата одлука ги тангира професиите како трговски патник, мајстор, сервисер или патронажна сестра.

Судот ја оправда оваа одлука сметајќи дека таа е во корист на здравјето и сигурноста на работниците. 

До пресудата дојде по спорот со шпанската фирма Тико која пред 6 години ги затворила своите регионални канцеларии по што работниците морале да трошат многу време за да стигнат до своите клиенти. Нивното патување не било вклучено во работното време. 

Во Република Македонија ова прашање е се’ уште отворено, а бројот на работници кои трошат од 1 до 2 часови во денот додека стигнат на своето работно место е во постојан пораст.