Министерството за економија на владината седница ја презентираше информацијата за изменување на Законот за трговија согласно со иницијативата на посетените компании во рамки на проектот „Учиме од бизнис-заедницата“.

Врз основа на тоа, Министерството за економија во рок од два месеца треба да достави предлог за изменување на Законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца.