Ќе се собира кабаст отпад во општина Кисела Вода

ЈП "Комунална Хигиена" и Општина Кисела Вода, преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и Скопје  денеси утре од 7 – 11 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад на територија на општината.

Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани и месни заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.

Денеска од 7 до 11 часот кабаст отпад ќе се собира од Урбана Заедница Кисела Вода, У.З. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври бараки, МЗ. Пинтија, У.З. "Бобан Трпков"- населба Драчево, М.З.село Драчево , М.З. Усјe и Градинар, М.З. Припор- локација (ул. Христо Татарчев – до месната заедница Припор, месност Бабин дол – последна автобуска станица на 24).

Во сабота од 7 до 11 часот кабаст отпад ќе се собира од Урбана Заедница Цветан Димов, У.З. Бирарија, У.З. Црниче, У.З. Пржино и У.З. 11-ти Октомври згради.