Ќе се сече дрво на булевар „Јане Сандански“

Град Скопје информира дека по барање на околните жители, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ утре (15.03.2019 година, петок), на булевар „Јане Сандански“ број 85, ќе извршат сечење на едно дрво.

Дрвото е навалено и претставува опасност по сигурноста и безбедноста на граѓаните и нивниот имот.