Ќе се разгледува новиот ценовник на градскиот стадион „Филип Втори“

Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП) усвоило заклучок за новиот ценовник за користење на услугите на Националната арена „Филип Втори“, а Владата на 6 декември ќе го разгледа по што ќе биде донесена конечна одлука, вели генералниот директор на АДСДП, Кристијан Трајковски.

„Со цел да се информира целокупната македонска јавност, а во врска со ценовникот за користење на услугите на Националната арена ‘Филип Втори’ должни сме да ве известиме дека одборот на директори на Акционерското друштво веќе усвои заклучок за преиспитување на цените уште на почетокот на месец ноември. Оваа одлука е доставена до Владата, така што прашањето околу утврдувањето на цените, Владата ќе го разгледува на седница на генерален колегиум на 6 декември“, се вели во писмената изјава.

По конечно одлучување од страна на Владата, сите засегнати субјекти за користење на градскиот стадион ќе бидат известени за цените.