Ќе се пошумува Водно

Работната група за пошумување на Водно составена од претставници од Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски и Шумарски факултет, одржа работен состанок со претставници од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ во врска со досегашните активности за изработка на предлог-програмата за пошумување и рекултивација на планината Водно.

Предлог- програмата е изработена од работната група по направена сеопафатна анализа на документацијата за Водно и содржи генерален план за рекултивација и пошумување, план за приоритетно пошумување, како и предлог идни активности за пошумување и рекултивација.

Со генералниот план планирано е пошумување на 578 хектари на јужната и на северната страна на Водно, а како приоритетни во првата фаза се планирани 25 хектари на 6 локации.

Финансиските средства за реализација на програмата во висина од 43 милиони денари се обезбедени од Владата и Македонски енергетски ресурси (МЕР).

Работните средби со претставниците од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ ќе продложат и во наредниот период во насока на утврдување на финална верзија на програмата и нејзина реализација.