Ќе се плаќа такса од 10 евра за патување во земјите на ЕУ

Државјаните од земјите од Западен Балкан во иднина, за да патуваат во шенгенскиот простор, ќе мора претходно да бараат одобрение од надлежните служби на Европската Унија и покрај тоа што и натаму ќе бидат ослободени од вадење визи.

Одобрението ќе се бара со пополнување електронски формулар, а одговор од ЕУ ќе стигне најдоцна за 72 часа. На оние за кои ќе се утврди дека претставуваат опасност за безбедноста на ЕУ, ќе им бидат одбиени дозволите за патување, се наведува во предлогот за воспоставување нов Европски систем за одобрување патувања (ЕТЛАС).

Според предлогот, граѓаните од Западен Балкан и другите земји на кои не им се потребни визи за патување во шенгенскиот простор на ЕУ, ќе мора за услугата за претходната проверка да платат 10 евра, трошок што ќе го покрие растојанието за патувања од три години, односно додека трае важноста на пасошот.

Ослободени од ова плаќање ќе бидат лицата помлади од 18 и постари од 60 години, членови на семејства на државјани на ЕУ, како и студенти и научници. Според информациите, целата процедура во Европскиот парламент би требало да се заврши до крајот на годината, по што конечна одлука ќе донесе Советот на министрите на ЕУ. Системот се очекува да стапи во сила за најмалку две години.