Друштво за образовни услуги „Американ Метрополитан Универзити ДОО Скопје“ е името на новото училиште регистрирано во Македонија со турски капитал, пренесе порталот Емагазин.мк.

Според инфомацијата објавена на Централниот регистар новиот образовен центар е основан со почетен капитал од 5.000 евра. Сопственици се Сезгин Чалик и Исмаил Улуоџак од Турција.

Главната дејност на новата фирма е друго образование неспомнато на друго место.