Ќе се обесштетуваат децата – жртви на насилство

Ќе се обесштетуваат децата – жртви на насилство, одлучи Владата на вчерашната седница.

Одлуката е донесена на предлог на Министерството за правда.

– На денешната седница е разгледана и усвоена информацијата за програма за обесштетување дете кое е жртва или е оштетено со дејство кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2018 година, соопшти владината прес-служба.

Овој проект, повеќе од 10 години успешно се спроведува во Република Словенија. Од страна на тамошните институции постои согласност и поддршка за имплементирање на проектот и во Република Македонија, со одредени прилагодувања, согласно финансиските можности на Република Македонија. Притоа, од страна на Владата на Република Словенија постои согласност за техничка поддршка и асистенција при реализација и имплементација на овој проект во Република Македонија.