Ќе се минира новата траса на автопатот Миладиновци-Штип кај Три Чешми

На автопатот во изградба Миладиновци-Штип, кај клучката Три Чешми, денеска ќе се врши минирање на карпест материјал.

Минирањето, како што информираат од АМСМ, ќе се изврши во 14 часот под надзор на полициска патрола, која ќе биде присутна за регулирање на сообраќајот, а кој ќе се одвива на главната траса во период од 13:45 до 14:15 часот.