Ќе се измени ли законот за породилно боледување?

Пратениците ја прифатија иницијативата на граѓани за промена на Законот за работни односи според која породилното боледување за сите трудници наместо девет ќе биде 12 месеци.

Во Собранието на Република Македонија комисиите го ја разгледуваа иницијативата потпишана од 270 граѓани со кои породилното боледување на жената наместо како сега во времетраење од 9 месеци, ќе трае цела година.

Се работи за граѓанска иницијатива со предлог за донесување на закон за изменување на законот за работни односи. Граѓанската иницијатива бара продолжување на боледувањето на сите мајки за дополнителни 3 месеци.

Двете најголеми партии покажаа позитивен пристап на расправата за оваа иницијатива. Ова би значело дека многу веројатно е оваа иницијатива да биде преточена во нов закон со кој ќе се пролонгира периодот на боледување за дополнителни 3 месеци и ќе трае 12 месеци. 

Она што се уште не е јасно е дали овие законски измени, доколку се реализираат, ќе важат само за оние кои ќе одат на породилно од денот на стапување во сила на законската измена или и за оние кои се веќе на породилно.