Ќе се доградува улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Градот Скопје наскоро ќе започне со градежни работи на улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од раскрсницата со улицата „Бутелска“ до првата улица за влез во гробиштата „Бутел“.

За реализација на проектот е потпишан договор со гостиварската фирма „Пелагонија АД“ во висина од 18,5 милиони денари. Зафатот треба да се спроведе во целост во наредните шест месеци.

Градските власти пред неколку години изградија кружен тек во населбата Бутел, кој беше формиран на дотогашното вкрстување на улиците „Александар Урдаревски“ и „Боца Иванова“.

Оваа сообраќајница тогаш доби две сообраќајни ленти со велосипедска и пешачка патека во близина на самиот кружен тек.