Ќе се договорат ли Богдановиќ и пазарџиите за цената на паркингот?

Иако закажан за во 16 часот, градоначникот на Центар, Богдановиќ, на состанокот со пазарџиите се појави по дури 53 минути доцнење.

Откако трговците од Зелен Пазар се вратија во просториите на Општина Центар, побараа од градоначалникот да ја преиспита одлуката за зголемување на цената на паркингот околу пазарот. Сега еден час паркинг чини 70 денари, а цената на месечната карта од 800 е зголемена на 1.500 денари. Освен што претставува финансиски товар за нив, велат дека поскапениот паркинг им го намалил прометот.

1. Да се реши проблемот со дивите трговци околу пазарот
2. Да се тргне забраната за влез на комбиња бидејќи им требаат за дотур на роба
3. Првиот час паркинг да е бесплатен или со симболична цена за да живее пазарот

Градоначалникот Богдановиќ тврди дека на пазарот има пет пати повеќе тезги отколку што е предвидено и дека едно од можните решенија за комбињата е раководството на пазарот да отстрани дел од тезгите и на закупците да им обезбеди услови за работа, односно да обезбеди паркинг за товарните возила.

Советот на Општина Центар ќе донесе одлука за седум до десет дена. Освен што ќе ги разгледаат барањата на пазарџиите, пред да донесат соодветно решение ќе разговараат и со Скопски Пазар, но и со жителите од околината на пазарот.