Нов газда на Скопски саем е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов.

Кардфинанс стана сопственик на 55.000 квадратни метри на Скопски саем, најголем центар за изложби и саеми во Mакедонија, што е дел од 16 хектари земјиште во сопственост на компанијата.

Најстарата и една од најпосетените саемски манифестација што ја организира Скопски саем, ТЕХНОМА, годинава за прв пат намаесто во саемските хали, ќе се одржи на друга локација и со мало задоцнување во однос на претходно најавениот термин. Откако минатиот месец го изгуби имотот поради неплатени долгови кон НЛБ банка и Комрецијална банка, а тие пак го продадоа на бугарска фирма, комапнијата Скопски саем, коа е во сопственост на Слевенечка "Ера", продолжува да работи, но саемските манифестации ќе ги одржува на други локации.Така, наместо на 21 овој месец, како што е предвидено со саемскиот календар ТЕХНОМА ќе се одрижи од 25 до 29 октомври во салата "Борис Трајковски".

Последен во халите на Скопски саем беше Саемот на книгата што се одржа во април годинава.