Прво, би сакала да појаснам дека прифатив дека моите чувства за тебе сѐ уште се тука, но тоа што постојано мислам на тебе веќе е премногу.

Навистина се нервирам кога наутро чекам да се свари кафето и мислам на тоа дали и ти го пиеш твоето утринско кафе.

Не сакам секојдневно да се потсетувам на тоа дека не можам да те имам. Сфаќам.Чудно е човек да продолжи да ги прави сите тие мали работи. Ама тие мали работи прават цело време да мислам на тебе.

Навистина не сакам во главава да ми се врти секој заеднички момент и да анализирам каде и кога отидоа работите по ѓаволите. Знам дека никогаш нема да го добијам тој одговор.

Се нервирам кога ќе сфатам дека правам избори базирани на тоа каква би била твојата реакција. Смешно е. Се чувствувам како тинејџерка.

Мојот мозок треба да се фокусира на нешто друго. Или некој друг.

Навистина нема простор сѐ уште да мислам на некој кој среќно си продолжи понатаму со друга личност. Не е фер, а ете ме, обидувајќи се да те истуркам од мојата глава.

Знам дека имавме убави моменти. Ти правеше да се чувствувам прекрасно и најверојатно и затоа толку се мачам да те заборавам.

Знам дека одвреме-навреме ќе налетуваме еден на друг. И треба да се навикнам на тоа. И тоа е океј.

Само сакам едноставно да ми се тргнеш од главава и мисливе. Океј? Океј. Драго ми е што го правевме муабетов.