Ќе ја качат ли цената такси превозниците?

На бранот поскапување на горивата во Македонија први регаираа такси превозниците.

Зголемувањето на акцизата ги натера дел од компаниите  кои даваат попуст, да го намалат. Наместо до 40 денари, сега   тие на  прикажаната цена на таксиметрите даваат намалување од 20 денари. Оние пак кои имаа  помал попуст го укинаа.

Такси превозниците не ја исклучувата можноста ако продолжи да расте цената на горивата да бараат и зголемување на  цената за  километар која во моментов е 25 денари.

Превозниците пак –  сеуште ги прават потребните анализи  дали поради зголемената акзица  ќе треба  да направат корекција на цената на билетите.