Ќе има ли зголемување на плати и во кој сектор?

Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека во текот на оваа недела ќе го разгледа и ќе донесе став во врска со најавеното зголемување на платите во образованието, здравството и одбраната предвидено со Предлог-буџетот за 2018 година. 

- ССМ исто така апелира и ја охрабрува Владата на Република Македонија и министерот за финансии Драган Тевдовски во наредниот период да почне со зајакнување на социјалниот дијалог со синдикатите, како полесно би се надминале одредени состојби и би се створиле услови за покачување на платите во останатите сектори, се наведува во соопштението.