Ќе ги изгубиме луѓето кои ги имаме во нашиот живот, ако постојано размислуваме за оние кои си одат од него

Тешко е, навистина е тешко да живееме без оние кои еднаш беа значаен дел од нашиот живот. Тешко е да посакуваме да беа до нас во тешките времиња низ кои поминуваме, и навистина е тешко да не можеме да ги споделиме убавите работи кои ни се случуваат.

Но, не можеме да се фокусираме на луѓето кои од различни причини веќе не се дел од нашиот живот и да живееме во илузија или надежта дека тие ќе се вратат. На крајот на денот, ако некој сака да биде дел од нашиот живот, ќе биде. Навистина, ќе направат напор и ќе бидат тука за нас. Колку е тешко тоа?

Не морате да ги мразите тие луѓе, не морате да се потсетувате на болката која можеби ви ја нанеле. Не морате да имате лоши мисли или чувства за нив. Наместо тоа, само сакајте ги без приврзување. Сакајте ги лекциите на кои тие ве научија. Посакајте им добро секогаш кога ќе помислите на нив. Нека ви недостасуваат, но не ги минувајте деновите мислејќи и прашувајќи се дали ќе се вратат. Постои сериозна причина зошто тие не се дел од вашиот жвиот. Можеби ве напуштиле бидејќи не ве ценеле, не ве сакале, не ве почитувале, бидејќи нашле подобра личност од вас или пак едноставно мислеле дека треба да заминат. Но, тие веќе не се дел од вашиот живот. Тие се на својата патека во животот, на која нема место за вас.

Затоа, наместо да се фокусирате на нив, фокусирајте се на оние кои одбрале да ве имаат во својот живот. Фокусирајте се на оние кои останале, кои се тука за вас, кои ќе дадат се да ги слушнат добрите вести кои сакате да ги споделите со нив или да бидат вашето рамо за плачење кога нештата не одат на добро. Бидете со луѓето кои ја ценат љубовта која им ја давате и окружете се луѓе кои сакаат да ве имаат во својот живот, секој ден. Не ги земајте здраво за готово, бидејќи лесно можете да ги изгубите.

Верувајте, ќе изгубите многу во животот ако постојано останувате заковани за нештата од минатото и луѓето кои веќе не се тука. Погледнете кон сегашноста. Не држете место во вашто срце за некој кој нема место во своето срце за вас. Наместо тоа, отворете се себеси кон светот.

Сакајте, но сакајте ги оние кои се тука.