Ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот во Скопје

Вечер во 19:00 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар меѓу РК Вардар и Флензбург од Германија. Поради тоа што се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, ќе биде воведен посебен режим на одвивање на истиот.

Од 16 часот ќе биде затворен за соораќај булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“, за сообраќај ќе биде затворена и улицата „Васко Карангелески“ од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ спрема спортскиот центар „Јане Сандански“.

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на ракометниот натпревар да ги почитуваат знаците и наредбите што ќе им бидат давани од страна на униформираните полициски службеници. Доколку дојдат со сопствени возила, да ги паркираат на околните дозволени паркинг простори.