Киви – моќно овошје кое го јакне имунитетот, го регулира крвниот притисок и помага против удари и тумори

Ова овошје го јакне имунитетот, го регулира крвниот притисок и варењето, помага во лечење на респираторни проблеми, главоболки и стрес. Освен што е вкусно и здраво, тоа претставува богата ризница на витамини Ц, А, Е, К и Б комплекс, како и минералите – калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Тоа се користи свежо, но и може да се употреби за подготовка на слатки јадења, џемови и лековити напитоци. Благодарение на многуте состојки, одлично е во борбата против респираторните проблеми, штити од настинки, а го намалува и ризикот од срцеви заболувања, тумори, мозочни удари. Го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали и ги чисти токсините од нашето тело.

Кивите ги намалуваат и триглицеридите во крвта, а благотворно делуваат и за зацелување на раните, одржување на здравјето на коските и забите, а позитивно делуваат и на системот на варење.

Тоа помага и за добар тен, со тоа што ја чисти и освежува кожата. За оваа цел се препорачува микс од 1 киви и 1 банана.

Кивите особено им се препорачуваат на бремените жени, поради тоа што се богати со витамини од Б групата, како и фолна киселина, кои помагаат за здрав и правилен развој на фетусот.