Киванц Туркалп, фотограф од Инстанбул: Скопје е само по себе голема инспирација за фотографирање

Киванц Туркалп е професионален фотограф кој периодов престојува во Скопје.  Специјализиран е за фотографирање луѓе и организации. Доаѓа од Инстанбул за да биде дел од фотографски настан кој треба да се одржи во Македонија. Специјализиран е за урбана и улична фотографија

Во разговор за Скопје Инфо открива кои се причините поради кои тој е тука и што е тоа што посебено му се допаѓа во Скопје.

„Не ми се потребни Лондон, Париз, Њу Јорк и Пекинг за да направам добра фотографија. Јас сум среќен на секое место и силно верувам дека може да се најде одлична можност за фотографирање секаде и со секого„ , вели тој на прашањето зошто решил да дојде во Скопје.

Скопје, особено Бит Пазар го потсетува на времето на Отоманската Империја и тие се идеално место за фотографија за него.  Слободното време го поминува таму вкусувајќи кебапчиња и триличе.

„Одев низ калдрмата, помеѓу метеж и продавниците кои продаваа кожни папучи, алат и традиционални занаетчкиски работи. Не беше можно да го посети Капан Ан – моето омилено место во старата скопска чаршија.  Според мое мислење Капан Ан е скриена, тивкна оаза во огништетот на динамичната чаршија“, вели тој.

Удобната прошетка до одвела со Мустафа Пашината џамија за која се вели деки е најубавата во Македонија и која што го има најубавиот поглед на Бит Пазар.

„Пробувам да најдам инспирација во секојдневниот живот. И да – овој град нуди многу инспиративни работи од двете страна на реката вардар со многу гостопримливи и добродушни луѓе, мултикултурен идентитет и историска позадина„ – додава тој.

На македонските фотографи им порачува дека е задоволен од секое место во градот и дека навистина нема потреба од супермодел за да направиш било каков портрет или друга фотографија.

Повеќе за неговата работа и за спомените од Скопје може да погледнете на тука или на инстаграм.