Кире Лазаров: Јас уште сум ѝ потребен на оваа репрезентација

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по повредата на ЕП во Хратска  утешува дека нема сега да го остави националниот тим.

Лазаров во интервју за спорт.мк вели дека смета дека уште и е потребен на репрезентацијата.

„Повредите се составен дел од спортот. Јас чувствувам дека уште сум ѝ потребен на оваа репрезентација. Таа постоела пред да станам нејзин член, ќе постои и по моето заминување. Меѓутоа, не сакам оваа Македонија да ја направи истата грешка што ја направи генерацијата на Манасков. Се опростија пред време од репрезентативниот дрес, иако се уште беа во врвна форма и нè оставија нас помладите сами да се бориме за пласман на големо натпреварување. Тој пост без големо натпреварување траеше од 2000 до 2009 година. Девет години без големо натпреварување е долг период и ние уште го плаќаме тој данок. На младите ќе оставиме цврста база, која само ќе треба да ја надградуваат. Ракометот е национален спорт и таков треба да остане“, вели Лазаров.