Километарски колони на границата со Грција, се чека со часови

Километарски колони на граничот премин „Евзони“ кон Грција. Иако на македонската граница нема подолги задржувања, од грчка страна се чека со часови.

Дел од возачите се излезени од своите возила, а останатите свират во знак на револт поради долгото чекање.

Од седум ленти за пропуштање на возилата низ граница, работат само три. Колоните се од едната до другата страна на границата, со што станува невозможно да се пропуштаат возила од македонска кон грчка страна.