„Кето леб“: Го јадеш цел ден и слабееш

Популарниот „кето леб“ до добил името бидејќи е популарен меѓу луѓето кои се на протеинска исхрана, па овој леб им помага да останат во состојба на кетоза. Нема брашно нема сол, нема шеќер, прашок за печиво ниту зрна- само чист протеини природни масти!

За се да биде уште подобро, кето лебот се прави толку едноставно што дири и неискусните домаѓинки можат да го направат!

Состојки:

6 јајца

½ шолја протеин од сурутка

малку путер

Подготовка:

Раздвојте ги жолчките од белките. Белките добро изматете ги со миксер во цврста пена. Во белките додадете го протеинот и жолчките, па внимателно мешајте за да се соедини смесата, но внимавајте пената да не спласне. Загрејте ја рерната на 160 степени, па измачкајте го калапот за леб со путер. Ставете го „тестото“ во калапот и печете 40 минути. Лебот е многу вкусен, може да се јаде и со солени и со благи јадења и воопшто нема јаглени хидрати.