“Кермес” место во Градскиот парк кое на старите Скопјани им буди убави и среќни моменти.

Тоа беше кафеана изградена во втората половина на 19 век, а урната во 70- тите години на минатиот век, кога настанала трансформација на угостителството.

За многумина “Кермес” била една од најубавите градби во Скопје, во тој период. Старите Скопјани се сеќаваат на “Кермес” како место во кое уживале со своите семејства во петок или сабота навечер, а во недела доаѓале на ручек.

Тие ги опишуваат прекрасните кебапи и ладното пиво во кое уживале во текот на топлото време.

Оние кои во тој период биле се уште мали, се сеќаваат како си играле околу масите во дворот на кафеаната и во пределот кај бината каде што најчесто се одржувале живи свирки.

Денес овој објект не постои, но тој засекогаш ќе остане во сеќавањата на оние Скопјани кои биле доволно возрасни во тој период и кои поминале убави моменти во оваа скопска кафеана.