Келнерите откриваат: Овие 3 пијалаци е најдобро да не ги нарачувате

Келнерите најдобро знаат што е добро да го пиете, а што не. Многупати и ќе ви препорачаат нешто што вреди да го пробате, а нивниот совет дефинитивно треба да го слушате.

Но, тие никогаш нема да ви кажат дека некои пијалаци треба да ги избегнете, барем не додека сте во барот или местото каде што тие работат.

А, ова се 3 од нив:

1. Мимоза

Иако овој коктел составен од 2 состојки е исклучително популарен избор на голем број дами, сепак би било попаметно да го прескокнете. Оригиналниот рецепт се состои од сок од портокал и шампањ, а на поголемиот дел од местата служат евтино пенливо вино кое нема вистински вкус.

2. Пијалаци кои завршуваат на „тини“

Кога порачувате мартини добивате совршен спој на џин и вермут и по некоја маслинка. Кога порачувате appletini ќе ви налеат вотка со сок од јаболко. Постојат и други овошја кои се популарни со ваквиот пијалак, но тие немаат никаква врска со оригиналниот коктел. Затоа, подобро е да порачате нешто друго.

3. Рум-кола

Рум-колата е класика која се пие веќе неколку децении. Но, треба да имате на ум дека румот е алкохол со висока количина шеќер кој кога се меша со шеќерен газиран пијалок, станува премногу сладок и комплетно нездрав. Ако сакате да експериментирате испробајте Dark&Stormy – комбинација од темен рум и пиво од ѓумбир.