Кефир со цимет: Пијалак кој има чудесен ефект на организмот

Доколку сакате да го освежите вашето тело, тогаш комбинацијата на кефир со цимет  е одлично решение! Покрај одличното влијание на здравјето, може да ви помогне и околу слабеењето, па затоа оваа комбинација ја користат и топ моделите.

Рецепт:

Измешајте кефир (јогурт со најмал процент на масти) со цимет. Циметот ставете го по вкус, вообичаено, половина кафена лажичка на 200 милилитри кефир (јогурт) на собна температура.

Ако секоја вечер, наместо вечера, ја консумирате оваа напивка, многу брзо ќе ги забележите позитивните резултати на телото, како и на лицето. Таа, не само што го заштитува, туку и го подобрува варењето и тенот на лицето. Испробајте!