Казни до 4000 евра: Закон кој ги штити граѓаните од нападните трговци

Ѕвонат и се упорни во нивната мисија понуди за работа, нудење на препарати за чистење, медицински препарати, козметики, ова се само дел од производите кои трговците ги нудат по телефон, смс, или на приватни имејл адреди на граѓаните. Трговците на ваков начин добиваат процент, колку повеќе се прифатат нивните понуди, толку поголем процент на заработка.

Дел од граѓаните се жалат од трговците бидејќи се упорни во своето рекламирање иако граѓаните им нагаслувале дека не се заинтересирани за понудата која што им е понудена од трговците.

Сепак и покрај законските одредби кои се донесени пред околу шест години, досега граѓаните не пријавиле вознемирување од трговците кај надлежните институции, односно во Пазарната инспекција или во Организацијата за заштита на потрошувачите укажуваат надлежните и според нив причината е во тоа што дел од граѓаните не се запознаени со своите потрошувачки права, но и поради тоа што многу е тешко да се докаже агресивното пазарно однесување на трговците за да може да се казни. Инаку Законот за заштита на потрошувачите во Македонија ги штити граѓаните од нападните трговци. Всушност, агресивното и нападно однесување на трговците е казниво дело за кое се предвидени казни од 2.000 до 4.000 евра.

Додека пак во во законската регулатива стои дека трговците не смеат да ги вознемируваат граѓаните со телефонски повици, особено не во доцните часови, не смеат ни упорно да им испраќаат понуди или реклами по имејл или преку СМС пораки, доколку граѓаните не дале писмена согласност за тоа. Забрането им е да ги нудат производите на врата ако граѓанинот се изјаснил дека не е заинтересиран.