Казина и обложувалници стануваат главно „хоби” на малолетниците во Македонија

Дијазепами, казина и обложувалници стануваат главно „хоби” на малолетниците, алармираат надлежните. Нивните анализи покажуваат загрижувачки проценти на ученици кои се навлечени на дрога, но и на седативи кои ги набавуваат на црно.

Скоро 12 отсто од испитаниците истакнале дека користат лекови за смирување препишани од доктор, а 11 отсто користеле без рецепт. Пет отсто рекле дека користеле марихуана, а екстази пробале 2,1 отсто.

Алкохолот и цигарите пак, веќе не се сметаат за порок меѓу малолетниците , а лесно си купуваат без некој да им побара лична карта. Обложувањето е исто така секојдневие за младите, кои не поминуваат ни ден без да уплатат барем ливче во кладилница.