Катерина Коцевска стана в.д. директор на Драмски театар

После 37-години истуство, актерката Катерина Коцевска е новиот в.д. директор на Драмски театар. Таа била избор на вработените, информираат од Министерството за култура.
Во биографијата на Коцевска се запишани над 30 улоги за кои била наградувана дома и во странство. Меѓу наградите е и онаа за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“, за ликот на Олга во претставата „Карамазови“. Таа е и уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“.
Пред неколку дена досегашната директорка Викторија Рангелова–Петровска беше разрешена од претседателот на Владата.