Катар ги укина визите за Македонија, може да се престојува и до 30 дена

Катар ги укинува визите за државјаните на 80 земји, меѓу кои и за Македонија, за да ги стимулира туризмот и авиосообраќајот. 

Одлуката стапува на сила веднаш. Граѓаните на Македонија, како и на државјаните на другите 79 земји на кои Катар им одобри безвизен режим, ќе им биде потребен само пасош за да влезат во оваа држава. Граѓаните на 33 држави ќе можат да останат во Катар 180 дена без виза, додека на другите 47, вклучувајќи ја и Македонија, имаат право на престој од 30 дена и право за едно продолжување на престојот.

На листата со држави се Велика Британија, САД, Канада, Индија, Јужна Африка, Сејшелите, Австралија и Нов Зеланд.

На списокот се земјите од шенгенската зона, латиноамерикански и азиски земји. Либан е единствената арапска држава којашто се наоѓа во Заливот, а не е на списокот.

На странците за влез во земјите од Персискиот Залив најчесто им е неопходна виза која се издава под строги критериуми.

Мохамед Рашид ал-Мазруи од катарското Министерство за внатрешни работи објасни дека при изборот на државите се воделе од критериумите за безбедност и за економска моќ.

Во изминатите два месеци, Катар се најде на црната листа на земјите од Персискиот Залив кои ја обвинија официјална Доха за поддржување тероризам. По ваквите обвинувања, земјите од регионот, освен Иран, ги прекинаа дипломатските односи со Катар и го затворија својот воздушен простор.